Тасовски: Не сум разговарал со Лукоил - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тасовски: Не сум разговарал со Лукоил

Димче Тасовски ги демантираше гласините на бугарските медиуми дека токму тој ќе биде еден од првите кошаркари што ќе го засили тимот на Лукоил академик на почетокот од 2013 година. Јавноста кај нашиот источен сосед шпекулираше дека Марин Докузовски е подготвен да ангажира нови кошаркари токму од македонскиот шампионат, а на врвот на неговата листа со желби се наоѓаат токму Тасовски и центарот на Работнички, Немања Јелесијевиќ. Сепак, поранешниот македонски репрезентативец ги оцени ваквите гласини како обични шпекулации, бидејќи дека тој немал разговори со никого од таборот на бугарскиот кошаркарски гигант. 
 
И самиот бев изненаден од пишувањата на бугарските и на дел од македонските медиуми. Лукоил е голем клуб и чест ми е да бидам поврзуван со трансфер во истиот, но експресно морам да ставам до знаење дека не сум разговарал со никого од таборот на бугарскиот шампион. Со Марин Докузовски имав добра соработка додека играв за Работнички под негово водство, но нема ништо конкретно што би ги потврдило гласините за интересот на Лукоил“, изјави Тасовски за ЕКИПА.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.