Тасевски во војна со тренерот на Левски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тасевски во војна со тренерот на Левски

Македонскиот фудбалски интернационалец Дарко Тасевски се наоѓа во војна со тренерот на Левски, Георги Иванов, откако овој го изостави од тимот за натпреварот од националното првенство со Монтана што ќе се одигра утре. Иванов му  препорача на Тасевски да расчисти сам со себе, дали сака да продолжи да игра за Левски или пак конечно ќе реализира трансфер во друг клуб.

  • Тасевски нема доволно мотивација за да се фокусира на настапите за тимот. Се додека не расчисти во својата глава, дали ќе игра за Левски или ќе размислува за трансфер, јас нема да го вклучам во составот – изјави Иванов, оправдувајќи го изоставувањето на Тасевски од првиот тим на Левски.

Бугарските медиуми веќе наголемо пишуваат дека Тасевски и Иванов се во директна војна и дека ситуацијата само ќе се распламтува. Во заштита на македонскиот интернационалец застана и претседателот на клубот, Тодор Батков, кој јавно истакна дека тренерот Иванов не треба да ги влошува односите со свои фудбалери.

Дарко Тасевски веќе подолго време се подготвува за трансфер во Русија, но никако да замине од „Герена“. Имаше можност и за трансфер во Кина, но Македонецот не сакаше да замине надвор од Европа. Левски бара околу 350.000 евра обештетување за Тасевски и тоа е најголема кочница за неговото евентуално заминување.        

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.