Тасевски и Грозданоски ќе ја чекаат Андора - Екипа - Екипа
Тасевски и Грозданоски ќе ја чекаат Андора - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тасевски и Грозданоски ќе ја чекаат Андора

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Џон Тошак, по последниот тренинг, вечерва на игралиштето на Работнички го соопшти конечниот список на патници за Москва каде в петок на стадионот „Лужники“, Македонија го игра квалификацискиот дуел со селекцијата на Русија.

На списокот се 19 играчи. Отпаднаа Тасевски, Грозданоски, Лазаревски и Усеини кои на националниот тим повторно ќе му се приклучат за средбата со Андора.

Според тоа за најдобриот состав против Русија ќе конкурираат:

Пачовски, Богатинов, И.Митрески, Шиков, Попов, Петров, Мојсов, Георгиевски, Новески, Демири, Муарем, Шумуликоски, Хасани, Пандев, Агим Ибраими, Тричковски, Ивановски, Трајковски и Фазли.

Експедицијата за Москва заминува рано изутрина преку Будимпешта и се очекува во руската престолнина да пристигне околу 13.30ч по локално време. Утревечер во 20 ч. е закажан тренинг на „црвено-жолтите“ во Москва.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.