Тајни преговори за прекин на локаутот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Тајни преговори за прекин на локаутот

Сопствениците на НБА клубовите и синдикатот на кошаркари во најсилната лига во светот веќе неколку дена се во преговори за прекина на локаутот и што поскоро почнување на новата НБА сезона. Американските медиуми дури денеска ја открија оваа информација, напоменувајќи дека преговорите се водат тајно за да биде избегнат притисокот од јавноста. Како приоритет на двете страни најпрвин им е повлекување на тужбите што неодамна ги поднесоа едни против други, наведувајќи го спротивниот табор како виновник за локаутот. 

 

Откако тужбите ќе бидат повлечени, за очекување е многу брзо да биде постигнат и конечен договор за прекин на локаутот и почеток на НБА сезоната. Челниците на лигата издадоа соопштение во кое што дадоа до знаење дека се подготвени да сторат се што е во нивна моќ за сезоната да стартува што порано, но најпрвин ќе мора да биде постигнат договор меѓу сопствениците на клубовите и синдикатот на кошаркари. Информациите од САД говорат дека овој договор би можел да биде постигнат до крајот на неделава, по што стартот на сезоната би бил закажан за крајот на декември или почетокот на јануари, а секој тим би одиграл по 66 натпревари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.