Светскиот куп во скијање почна со изненадување - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Светскиот куп во скијање почна со изненадување

Светскиот куп во скијање почна со изненадување

Скијачкиот Светски куп почна со изненадување откако денешната велеслаломска трка во Зелден заврши со победа на Федерика Брињоне. Оваа Италијанка има 25 години, но досега ниту еднаш немаше триумфирано на трка во Светскиот куп. Сепак, во ситуација кога голем дел од фаворитките воопшто не настапија во Зелден, Брињоне ја искористи ситуацијата за да се закити со првиот триумф.

Таа извозе фантастична прва трка во која си создаде предност од одлични 95 стотинки во однос на главната фаворитка Михаела Шифрин. Иако Шифрин возеше одлично во втората трка, Брињоне не дозволи изненадување, па и покрај малата грешка во горниот дел од патеката, сепак победи со огромни 85 стотинки предност. На третото место се најде Лара Гут од Швајцарија со 1,5 секунди заостанување зад победничката.

Ни самата не можев да поверувам колку добро ја извозев првата трка. Потоа се беше полесно, пред неколку години бев близу до победата овде, но Вон успеа да ме мине, не сакав да дозволам такво нешто да се повтори денеска“ – изјави Брињоне.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.