„Суспендираните“ со соопштение: Жалиме што Јорданов „разговара“ со нас преку ТВ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Суспендираните“ со соопштение: Жалиме што Јорданов „разговара“ со нас преку ТВ

„Суспендираните“ ракометари на Металург се обратија до јавноста со ново соопштение, како еден вид одговор на вчерашниот настап на сопственикот на Металург, Минчо Јорданов, на тевелизија Канал 5. Тие истакнуваат жалење што Јорданов решил да „разговара“ со нив на ваков начин и велат дека не се работи за двајца – тројца, туку е ова реакција на сите професионални играчи и долгогодишни репрезентативци на Р. Македонија.

Соопштението на ракометарите на Металург кои тренираат на кејот на Вардар и се под клупска суспензија, го објавуваме во целост.

Ние, професионално вработени ракометари на РК Металург пред се, изразуваме жалење што по нашата јавна реакција, сопственикот, г. Јорданов реши да „разговара“ со нас преку телевизија. Остро ги отфрламе неговите тврдења дека не сме согласувале на разговори и не сме барале средби за проблемите кои ги чувствуваме – напротив, г. Јорданов е тој кој не најде за потребно да не сослуша и да ги процени нашите аргументи и покрај нашите обиди за средба помеѓу нас како играчи и тој како сопственик на клубот.

Сметаме дека овој однос не сме го заслужиле особено што ние нашите обврски најпрофесионално си ги исполнувавме, иако оваа сезона немаме примено никаков надомест за тоа.

И благодариме на Ракометната Федерација што изрази загриженост за состојбите во клубот и за тоа како ќе одразат врз играта на Македонската репрезентација и воедно ја споделуваме таа грижа.

Ги демантираме ставовите дека станува збор за „двајца-тројца“ бидејќи станува збор за реакција на сите професионални играчи со огромно домашно и меѓународно искуство и како и за долгогодишни репрезентативци на селекцијата на Р.Македонија.

Се уште сме подготвени за чесен, отворен и фер дијалог, со заемно почитување, а се со цел да се надминат проблемите.“

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.