
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
СУПЕРКУП СКОПЈЕ 2017 – Со огромно признание од светот, заборавен од нас самите!
- Автор: Владимир Булатовиќ'
- Објавено: декември 30, 2017 12:10

Издвојувајќи ги најважните моменти од светот на спортот кај нас изминатава година, без сомнение организацијата на УЕФА Суперкупот е убедливо најголемиот настан по кој ќе се памети Македонија од 2017 година!
Скопје и Македонија, благодарение на Фудбалската федерација на Македонија, преку натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на 8. август беа центарот на светското внимание… За првпат во нашата историја добивме организација на настан од светски ранг потврдувајќи, притоа, дека и тоа како можеме да бидеме беспрекорни домаќини на најдобрите.
За значењето на настанот и промоцијата на Македонија во светски рамки повеќе од сериозна потврда се фактите кои говорат за сето она што го донесе „УЕФА Суперкупот – Скопје 2017“.
- Сигналот од Скопје во живо беше пренесуван во вкупно 216 земји во светот (49 во Европа и 167 ширум светот), со вкупна покриеност на четири милијарди луѓе на планетава!
- Повеќе од 200 новинари од светот присутни во главниот град на Македонија. Огромна туристичка промоција за Скопје и земјава.
- Нескриен бенефит за домашната економија. За само неколку денови слеани околу 15 милиони евра од активностите на посетителите во периодот на одржување на Суперкупот кон македонските ноќевалишта, ресторани, културни знаменитости, компании што нудат транспортни услуги, шопинг центри и останати трговци.
Колку некои и да не сакаат да го признаат тоа, Фудбалската федерација на Македонија со добиената доверба од УЕФА за организацијата на Суперкупот 2017 изминатава година се промовираше во еден од најголемите амбасадори на нашата земја, двигател на социјалното и општествено вклучување, и отворен партнер уживател на сериозна почит од Европската куќа на фудбалот.
„Скопје е првиот град во регионот кој доби организација на вакво престижно фудбалско натпреварување, што претставува голема чест, но и голема одговорност. Горди сме што УЕФА ја препозна нашата посветеност за фудбалот и подготвеноста да бидеме одлични организатори на големиот спортски настан“ – ќе рече претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Но, за жал, за сето сработено пред, за и по организацијата на настанот, ФФМ на крајот од годината, кога се сумираат резултатите на сработеното, не доби ниту најмало признание од Градот и државата. Во заокружувањето на сите избори и пара-избори, и од Агенцијата за млади и спорт, и од Сојузот на спортови на Македонија и од Град Скопје, „Суперкупот Скопје 2017“ остана буквално заборавен! Иако, на крајот на краиштата најголема сатисфакција за сите кои работеа на големиот спортски настан, како потврда за одличната организација, ќе останат 35.000 навивачи на „Филип Втори“, и од светот и од Македонија, – вистински сведоци за историјата!
И, секако неизбришано ќе остане она: „Благодариме Скопје! Фантастичен домаќин на Суперкупот 2017“, испратено од УЕФА само ден по хепенингот на нашиот најголем стадион!
Advertisement
Останато од категоријата
10:17
10/01/201809:41
10/01/201809:06
10/01/201808:28
10/01/201822:39
9/01/201822:17
9/01/201822:05
9/01/2018-
21:40
9/01/2018 21:22
9/01/2018-
21:02
9/01/2018 -
20:44
9/01/2018 20:06
9/01/201819:54
9/01/2018-
19:33
9/01/2018 -
19:17
9/01/2018
15:33
3/01/201821:54
5/03/201520:24
1/10/201709:40
21/09/201721:40
9/01/201823:19
25/10/201713:02
15/11/201411:03
9/10/201620:33
29/02/201610:03
20/12/201515:35
12/12/201315:16
26/11/201516:21
16/02/201716:18
15/03/201615:23
27/12/2016