Супер-купот во витрините на Работнички - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Супер-купот во витрините на Работнички

Екипата на Работнички е освојувачот на Супер-купот на Македонија, откако во денешниот меч на гостински терен го совлада Фени индустри со 89-83. Иако на физички план не беа подготвени колку своите ривали, кошаркарите на Работнички покажаа фантастична борбеност, но и искуство благодарение на кое што стигнаа до толку посакуваната победа во официјалната увертира пред стартот на новата сезона. Во таборот на Фени индустри имаат за што да жалат по поразот на домашен терен, но една од главните причини за поразот на кавадарчани сигурно претставува отсуството на Самарџиев, Михајловски, како и повредата што на самиот почеток од мечот ја заработи Џеред Фрај. Со комбиниран состав, избраниците на Емил Рајковиќ не успеаја да им парираат на расположените гостински кошаркари предводени од Димитар Мираковски, кој што уште еднаш покаже дека е еден од најдобрите играчи во македонското кошаркарско елитно друштво.

 

Натпреварот почна токму онака како што посакуваа домаќините, со предност на Фени од 7-0 и целосна доминација на теренот на пулените на Емил Рајковиќ. Сепак, по само три минути игра се случи и голем малер за Фени, незгодна повреда заработи Џеред Фрај, без чија помош играта на домашниот тим загуби на интензитет. Работнички знаеше како да го искористи тоа, гостите полека но сигурно го консолидираа својот напад, но Фени сепак по седум минути игра водеше со 15-7. Тогаш следеше извонредна серија на гостите, кои предводени од Димче Тасовски направија фантастична серија и поведоа со 23-17. Во продолжението од втората четвртина продолжи и добрата игра на гостинскиот тим, кој што сега преку Мираковски и Богоев го полнеше кошот на македонскиот првак. 

 

На пауза се замина со предност на Работнички од 45-35, но Фени индустри се врати и во третата четвртина преку Брчков дојде и до предност. Сепак, во клучните моменти од средбата на сцена стапи Димитар Мираковски, кој се погрижи неговиот тим да се врати до удобна предност. Македонскиот репрезентативец погоди неколку тројки, згора на тоа имаше и успешни асистенции до соиграчите, носејќи му на Работнички нов трофеј во клупските витрини. Во самиот финиш Фени со тројката на Брчков се приближи на 79-83, па потоа и на 81-85, за со поените на Кире Николовски да се влезе во неизвесен финиш (83-85). Сепак, на сцена уште еднаш стапи Мираковски, го проигра во празно Богоев за лесно положување, со што беа разрешени сите дилеми околу победникот на овој меч.

 

Мираковски беше најзаслужен за оваа победа завршувајќи го мечот со 35 поени и девет асистенции, Тасовски постигна 16 поени, додека Брендон Кол реализираше 11 поени, шест скокови и две блокади. Во таборот на Фени индустри најпрецизен беше Саша Оцокољиќ со 20 поени, Брчков постигна 14 поени, додека Кире Николовски забележа 14 поени и девет скокови во поразот на неговиот, пред заминувањето на лекарски прегледи во Локомотив Кубан.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.