Стоп за насилството на спортските терени - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Стоп за насилството на спортските терени

Денеска
во просториите на Центарот за обука на МВР во Идризово се одржа трибина на тема
ЗАЕДНИЧКИ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО НА
СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ
во
организација на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади и
спорт.

 

На
одржаната трибина министерката Гордана Јанкуловска говореше за улогата на
Минист
eрството за внатрешни работи, како
клучен субјект во спроведувањето на законските прописи во делот на спречување
на спортското насилство.

 

Директорот
на Аг
eнцијата за млади и спорт, м-р Лазар
Поповски говореше за законската регулатива во Република Македонија и
спроведување на одредбите од Европската Конвенција за спречување на насилството
на спортските терени.

 

 

 

Учество
на трибината зедоа и истакнати универзитетски професори од Факултетот за
физичка култура и Факултетот за безбедност како и претставници на националните
спортски федерации и медиумите.

 

На
трибината се донесе заклучок да се формира Национално координативно тело во кое
ќе членуваат истакнати стручни научни работници и претставници на државни
органи како и институции и спортски здруженија во чија надлежност е грижата за
организација на спортски натпревари.

 

Задача
на Националното тело ќе биде да изработи програма со проекти насочени кон
едукација и превенција од насилно однесување за време на спортските натпревари
и ќе носи препораки до релевантните институции под чија контрола се спортските
објекти со цел обезбедување технички предуслови за примена на мерки за
спречување на насилството на спортските терени од страна на МВР. Исто така, се
размислува и за воведување на Регистар за евиденција на прекршители на Законот
за спречување на недоличното однесување и насилството на спортските терени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.