
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Стојан Илиевски, македонски судија кому му се веруваше во Југославија

Во алманахот што го има издадено Судискиот одбор на Србија најдовме една интересна анкета во која се спомнуваат најпознатите судии во поранешна Југославија во периодот од 1945 до 1990 година, се до распадот на Југославија. Според мислењето на истакнати фудбалски тренери , функционери и клубови /не пишува дали само од Србија/ објавен е список на судии од поранешните југословенски републики на кои клубовите најмногу им верувале и сакале тие да им судат поради нивната објективност.
Спомнати се доста судии, за кои се бара да не бидат заборавени бидејќи оставиле длабоки траги на судењето и на развојот на фудбалот во поранешна Југославија.
Од Србија според таа анализа се наоѓаат имињата на Васа Стефановиќ, Константин Зечевиќ, Миливое Гугуловиќ, од Словенија Владо Таузез и Едвард Шоштариќ, од Хрватска Лео Лемешиќ, Марјан Рауш и Стипе Главина. На тој список не најдовме ниту едно судиско име од Црна Гора и Босна и Херцеговина иако имаа добри судии како што беа Васо Вујовиќ и Бранко Буиќ (ЦГ), Фахрудин Таслиџиќ,Осман Јуфбеговиќ и Сулејман Ребац (БиХ).
Многумина од нив им имаат судено на Вардар, Пелистер, Победа…
Македонија отсекогаш имала одлични и почитувани судии почнувајки од Борче Неделковски, Трајан Ивановски, Петар Костовски, Трајче Маџовски, Томе Манојловски, Гоце Попев, Бошко Ангелковски…
Меѓутоа во алманахот е спомнато само името на поранешниот меѓународен судија Стојан Илиевски кој повеќе години живее во Чешка. Во својата кариера како главен судија до 1986 година има судено на 125 прволигашки и на 42 натпревари во Втората лига. Со знакот на ФИФА има судено на 30 меѓународни и и меѓудржавни натпревари, во 1985 година беше главен судија на средбата меѓу Русија и Германија, судеше на пет дерби средби во Југославија меѓу кои и на Динамо и Црвена звезда во 1985 година.
Помладата генерација сигурно не ги памети ниту ги знае имињата на повеќето од овие судии, многумина и не биле родени во тоа време што е и разбирливо. Меѓутоа, не треба да се заборави дека во поранешна Југославија имаше и други познати судиски имиња почнувајќи од Ратко Чанак, Божидар Ботиќ, Драго Хорват, Душан Максимовиќ, Никола Младеновиќ, Ладо Јакше, Јосип Стрмечки, Дамир Матовиновиќ, Владо Тешаниќ, Јосип Ерлих… од веќе спомнатите македонски судии во таа елита беа и Стрезо Трпковски и Симеон Дуковски. Токму и затоа многумина од нив можеа и требаше да се најдат на тој список-судии на кои најмногу им се веруваше и кои не треба да бидат заборавени. Но, секој има право на свое мислење.
М.М.
.
Advertisement
Останато од категоријата
10:17
10/01/201809:41
10/01/201809:06
10/01/201808:28
10/01/201822:39
9/01/201822:17
9/01/201822:05
9/01/2018-
21:40
9/01/2018 21:22
9/01/2018-
21:02
9/01/2018 -
20:44
9/01/2018 20:06
9/01/201819:54
9/01/2018-
19:33
9/01/2018 -
19:17
9/01/2018
14:20
30/01/201319:15
16/02/201619:42
16/08/201608:58
30/11/201120:25
25/02/201509:16
18/07/201609:10
30/03/201520:35
31/01/201609:22
16/10/201117:36
22/06/201615:39
8/05/201722:17
9/01/2018