
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Стоилов и Петриќ во Вардар про
- '
- Објавено: август 24, 2011 22:00
Тренерот на Вардар про, Веселин Вујовиќ, продолжува со ангажман на квалитетни засилувања во пресрет на новата сезона. Актуелниот македонски вицешампион успешно ги финализираше преговорите со пикерот Стојанче Стоилов, а во исто време беше официјализиран и трансферот на српскиот десен бек, Владимир Петриќ.
Стоилов, кој е член и на македонската репрезентација, доаѓа во Вардар про од редовите на лутиот ривал Металург. Тој минатата сезона од страна на „металурзите“ беше испратен на позајмица во романскиот тим Одорхеи, а откако и годинава му беше дадено до знаење дека нема да биде дел од плановите на Лично Червар, тој се реши да си замине од „Автокоманда“ и да потпише договор со Вардар.
Што се однесува до Петриќ, станува збор за 34-годишен ветеран што го одликува топовски удар со левата рака. Тој веќе одигра неколку натпревари за Вардар на турнирот во Словенија, импресионираше со своите настапи и ги убеди челниците на клубот да му понудат едногодишен договор. Владимир Петриќ имаше добра соработка со тренерот Вујовиќ и додека настапуваше за репрезентацијата на Србија и Црна Гора, додека Вујовиќ беше селектор на овој национален тим.