Татковците запалија свеќи за Стоилов и Миркуловски... за победа на Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Татковците запалија свеќи за Стоилов и Миркуловски… за победа на Македонија

Татковците запалија свеќи за Стоилов и Миркуловски… за победа на Македонија

caki bile baner krakov

Во Православната црква во Краков се собраа околу сто Македонци за прослава на големиот празник Богојавление Водици, меѓу нив и татковците на двајцата наши одлични ракометари, Марко Миркуловски и Климе Стоилов. Заедно со голем дел од останатите присутни, и тие запалија свеќи, меѓу другото и за среќа и успех на нашата репрезентација на денешниот меч со Србија.

Не е важно колку погодоци ќе дадат нашите синови, најважно е Македонија да победи“ – едногласен е ставот на двајцата татковци, кои секаде каде можат ги следат своите деца на големите натпреварувања.

TATKOVCI3

Ако играме како против Франција и Полска, а верувам дека тоа ќе биде случај бидејќи добро ги знам овие момци, тогаш Србија ќе ја победиме со најмалку пет гола разлика. Со тоа ќе се оди понатаму и ќе се добие можност за нови победи на овој шампионаст, за што македонската репрезентација дефинитивно е способна“ – изјави Климе Стоилов, таткото на репрезентативниот пивот.

Марко Миркуловски долги години е човек од ракометот, своевремено беше и прв човек на прволигаш во нашата земја, а сега од трибините нервозно ги следи дуелите во кои настапува неговиот син.

Веќе срцето ни ослабе гледајќи од трибините, нервозите се преголеми. Не се сомневам дека ќе победиме, бидејќи сме посилни, поквалитетни и поискусни од Србите. Само би сакал уште во првото полувреме да направиме предност од четири до пет погодоци, a потоа да се игра гол за гол, конечно да уживаме во една добра партија без премногу тензија, и на крајот да се радуваме за Македонија“ – вели Марко Миркуловски.

TATKOVCI2

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.