Стефанов пред заминување од МЗТ Скопје - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Стефанов пред заминување од МЗТ Скопје

Ристе Стефанов е на добар пат да си замине од редовите на МЗТ Скопје, откако се стартувани преговорите за раскин на неговиот договор со клубот од „Јане Сандански“. Македонскиот репрезентативец беше најавен како огромно засилување за МЗТ оваа сезона, но неговите слаби партии на дел од најзначајните средби за овој тим беа причина за неадоволство не само кај навивачите, туку и кај управата на „металците“. Претседателот на МЗТ Скопје, Сашо Босилков, за ЕКИПА ги потврди гласините дека преговорите за раскин на договорот со Ристе Стефанов се во тек, напоменувајќи дека конечната разврска ја очекува по Божиќните празници.
 
Во текот на сезоната Ристе Стефанов во два наврати дојде кај нас и бараше раскин на договорот. Став на управата беше да не дојде до никакви коренити промени во текот на првиот дел од сезоната и да се почека до зимската пауза. Сега кога ние сме подготвени да ја прекинеме соработката и му го понудивме она што тој го бараше претходно, Стефанов е тој што тактизира и не сака да прифати раскин на договорот. Ситуацијата е таква каква што е, наскоро ќе имаме нови разговори, а се надевам дека по завршувањето на Божиќните празници ќе имаме нови детали околу оваа ситуација“ – изјави Босилков.
 
МЗТ Скопје ќе ангажира и најмалку едно засилување во своите редови, но имињата на кошаркарите со кои се преговара се чуваат во тајност се до комплетирањето на трансферите. 
 
Можам да кажам дека преговараме со неколку кошаркари, но нема да откриваме повеќе детали се додека договорот не биде потпишан. Како и во случајот со Стефанов, очекуваме да имаме конкретни информации на оваа тема веќе во текот на следната недела“ – порача првиот човек на „металците“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.