Стартуваше Јуниор Монте минибаскет лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Стартуваше Јуниор Монте минибаскет лигата

Двасетгодишната успешна спортска приказна на Школата за минибаскет ЈУНИОР, овој викенд беше надополнета со уште еден значаен јубилеј. Тоа е традиционалната МОНТЕ-ЈУНИОР минибаскет лига, која оваа година се оддржува десетти пат по ред, како единствена и најбројна минибаскет лига во Македонија. Оваа сезона во Монте лигата учество ќе земат 53 екипи од Скопје, Струмица, Прилеп, Кочани и Тетово, поделени во четири генерации (2003/04, 2002, 2001 и 1999/00) кои ќе се борат за водство на табелата и за учество во завршниот завршниот фајнал-фор турнир.

 

Кошаркарското лудило го започна Генерацијата 2002, која уште на првиот натпревар помеѓу ЈОГОБЕЛИТЕ од О.У. Панајот Гиновски и СВЕМИРЦИ од О.У. Ацо Шопов ни најави дека ќе имаме неизвесна сезона. Овој натпревар заврши со нерешен резултат, па за да добиеме победник тренерите мораа да изберат по 5 играчи кои ќе шутираат слободни фрлања, за да на крајот после изедначена борба и во овој дел Свемирците ја забележат својата прва победа. Голем придонес во играта на победниците имаше Ѓорѓевиќ Мирослав кој со своите 11 поени беше најдобар стрелец на натпреварот.

Во вториот натпревар СОЛА од О.У. Н.Н. Борче ги пречека Струмичани, кои пак во својот дебитантски настап уште на самиот старт покажаа дека ќе бидат едни од фаворитите за висок пласман на табелата, а тоа го докажаа и со крајниот резултата 18:29. Најрасположен за игра од гостинскиот тим беше Цеков Ѓорѓи кој постигна 12 поени и ја освои наградата од Монте за најдобар стрелец.

 

Битката на теренот продолжи и во третиот меч, помеѓу МЕТЕОРИТЕ од О.У.Коле Неделковски и ЛЕОПАРДИТЕ од О.У Лазо Ангеловски. Во поголемиот дел од натпреварот противниците беа изедначени, но на крај неуморните Леопарди предводени од најдобриот стрелец Стефов Кристијан стигнаа до посакуваните 2 бода.

 

Честа да го затворат првото коло од овој возбудлив викенд им припадна на ШТРУМФОВИ од О.У.Гоце Делчев и ГЛАДИЈАТОРИ од О.У. Ѓорѓија Пулевски. Гладијаторите уште на самиот старт тргнаа незапирливо во поход кон победата, а водството успеаа да го одржат во текот на целиот натпревар. Главниот војсководец беше Јаковлев Атанас со постигнати 11 поени.

Најекипа на колото е екипата на ЛЕОПАРДИ од Лазо Ангеловски кои заслужено ќе одат на честење во ресторанот на МекДоналдс.

 

Резултати: 

Јогобела (П.Гиновски) – Свемирци (А.Шопов)  26-28 (25-25)

Сола (Н.Н.Борче) – МКК Струмица   18-29

Метеори (К.Неделковски 2) – Леопарди (Л.Ангеловски) 22-34

Штрумфови (Г.Делчев) – Гладијатори (Ѓ. Пулевски)    26-34

Комети (К.Неделковски 1)-слободен


Јогобела (П.Гиновски) – Свемирци (А.Шопов)  26-28 (25-25)

ЈОГОБЕЛА: Богатиновски 7, Рајковски, Марковски 2, Шукрије 2, Ристевска А. 2, Стојчевска, Стојковски 5, Мурџев 2, Буловиќ 3, Момировски 2, Милошевски.

СВЕМИРЦИ: Сали Р. 2, Нумановиќ, Сали Д., Ристовски, Стојановски 2, Јовановски, Димитровски 5, Дамјановиќ, Стојанов, Тодоровски 2, Ѓорѓевиќ 11, Азировиќ 2, Смајковиќ.

 

Сола (Н.Н.Борче) – МКК Струмица   18-29

СОЛА: Стојковиќ, Трифунов 5, Најдовски 2, Марковски, Младеновски 3, Михајловски, Николовски 4, Насевски, Новевски, Илиевски 2, Крстев, Стојковски, Дунчевиќ, Цветковски 2.

МКК Струмица: Митев 7, Цеков 12, Ангелов М., Ристев, Ангелов И., Бјадов 4, Наков, Ристов 2, Касапов Ѓ. 3, Касапов В. 1,  Костов, Лазаров.


Метеори (К.Неделковски 2) – Леопарди (Л.Ангеловски) 22-34

МЕТЕОРИ: Јордановски, Тренчевски 3, Кировски 8, Бошковски, димитровски 3, Илиевски, Малиновски, Илиќ 5, тасевски, Мирчевски 4, Чашуле, Крстевски.

ЛЕОПАРДИ: Стефов 12, Михајловски , Бојаџиев 7, Митровски 2, Спасовски 4, Анчев 4, Ѓорѓиев 3, Бошковски 2, Христовски, Анастасев


Штрумфови (Г.Делчев) – Гладијатори (Ѓ. Пулевски)    26-34

ШТРУМФОВИ: Петровска 7, Јовановски 3, Илиевски Н. 3, Илиевски Д., Димитриевски 3, Кузев А., Кузев Н. 2, Марковски 4.

ГЛАДИЈАТОРИ: Митрев 2, Вељановски 4, Хоџик 7, Јаковлев 11, Арангеловска 2, Мојсовски 7, Трајковски, Аврамовски, Савин 3.

 

 

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.