Стартуваше изградбата на новата трибина на „Тумбе кафе“: Пелистер на европската сцена ќе игра во Битола - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Стартуваше изградбата на новата трибина на „Тумбе кафе“: Пелистер на европската сцена ќе игра во Битола

Стартуваше изградбата на новата трибина на „Тумбе кафе“: Пелистер на европската сцена ќе игра во Битола

Во Битола конечно стартуваше изградбата на новата Северна трибина на „Тумбе кафе“. По долги години чекање вчера стартуваа активностите со рушење на старата трибина на чие место ќе се изгради комплетно нова, со модерни европски услови, но и подтрибински простор со нови соблекувални, простории за официјални лица и придружни капацитети…

Од општината најавија дека по изградбата на новата трибина и новите службени простории во Битола ќе може да се играат и меѓународни натпревари. Пелистер сезонава е еден од тимовите во Првата лига кој сериозно се бори за излез на европската сцена, па сосема е јасно дека во иднина „зелените“ ќе може евентуалните официјални интернационални дуели да ги играат во својата Битола.

Како што е познато, претходно ФФМ веќе го заврши својот дел од проектот околу реконструкцијата на „Тумбе кафе“ со изградбата на комплетно нов терен.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.