Станојковиќ кандидат за клупата на Партизан? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Станојковиќ кандидат за клупата на Партизан?

Македонската фудбалска легенда Вујадин Станојковиќ би можел да го преземе кормилото на Партизан и на голема врата да се врати во својот некогашен клуб, каде што своевремено, во периодот од поранешна Југославија, ја носеше и капитенската лента. Тој е еден од кандидатите што ги исфрли во преден план белградската јавност откако се повеќе станува јасно дека Александар Станојевиќ, актуелниот шеф на стручниот штаб на Партизан, ќе добие отказ.

 

На Партизан не му тргна најдобро во новата сезона, ниту на меѓународна сцена, ниту во домашниот шампионат. Откако „црно-белите“ ја минаа Шкендија во првото квалификациско коло од ЛШ, потоа налетаа на белгискиот Генк и доживеаја елиминација, а не успеаја да се пласираат ниту во групната фаза од Лигата на Европа. Беа шокантно поразени од ирскиот тим Шамрок, што во српската јавност одекна како голем срам за фудбалот.

 

„Црно-белите„ доживеаја еден пораз и во српското првенство, каде што загубија на гостувањето против Слобода Севојно со 2-1. Згора на се ова, тренерот Александар Станојевиќ излезе на прес конференција и јавно го нападна претседателот на клубот, Драган Ѓуриќ, по што речиси е сигурно дека тој ќе добие отказ.

 

Српските медиуми информираат дека управата на Партизан се повлекла од јавноста, токму за да го пронајде најдоброто решение за нов шеф на стручниот штаб, а меѓу главните кандидати се споменува и името на Вујадин Станојковиќ. Тој оствари контакт со својот поранешен клуб при гостувањето на „црно-белите“ во Скопје и дуелот со Шкендија.          

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.