Станојевиќ останува тренер на Партизан - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Станојевиќ останува тренер на Партизан

Александар Станојевиќ и понатаму ќе остане на кормилото на Партизан, иако постоеше можност за негова смена по последните неуспеси на тимот на европската сцена. Сепак, спортскиот директор Крстајиќ потврди дека нема промени во стручниот штаб на „црно-белите“.

 

„Станојевиќ и понатаму ќе го предводи Партизан. Сите шпекулации за негова смена се невистинити и се наменети од некои други извори за дестабилизација на тимот“ – изјави Крстајиќ.

 

Тренерот Александар Станојевиќ по елиминацијата на Партизан од Шамрок во квалификациското коло од Лигата на Европа, имаше „дуел“ и со претседателот на клубот, Драган Ѓуриќ.

 

„Само сакав да ја заштитам професијата. Некои работи едноставно не одат така. Нападите кон мене ги сфаќам добронамерно, но некои луѓе си дозволуваат да се мешаат во мојата работа, а јас тоа нема да го дозволам, дури и по цена да треба да си заминам“ – истакна Станојевиќ.

 

Сепак, во „Хумска“ се е помирно откако Партизан славеше на првенствениот меч со ОФК Београд (3-0).  

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.