Станковиќ со „стотка“ за Србија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Станковиќ со „стотка“ за Србија

Капитенот на српската фудбалска репрезентација, Дејан Станковиќ, вечерва ќе го одигра стотиот меч во дресот со националниот грб, на дуелот со Фарски Острови. И покрај големиот настан во неговата кариера, тој капитенски размислува прво за триумфот на националниот тим, а потоа за плакетата што ќе ја добие поради „стотката“ во националната селекција.

 

„Убав јубилеј, но верувајте дека сега повеќе мислам на тоа како да победиме, отколку на славење поради тие сто натпревари. Се наоѓаме во незгодна позиција во групата и не смееме ниту да помислиме да не победиме. Прво триумф, па потоа доделување на плакети“, изјави Дејан Станковиќ.  

 

Играчот на милански Интер се навраќа и на дел од претходните мечеви во дресот со државниот грб.  

 

„Во овие 99 меча имаше многу радости, но и тажни моменти. Никогаш нема да ги заборавам натпреварите со Хрватска во Загреб и со Романија во Белград. Но, има и такви кои со драго срце веднаш би ги заборавил. На пример, поразот 0-6 од Аргентина и ремито 0-0 со Ерменија“, истакнува Станковиќ.    

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.