Станиќ: Металург се наоѓа во комплексна ситуација - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Станиќ: Металург се наоѓа во комплексна ситуација

Актуелниот ракометен шампион, Металург новата сезона во Лигата на шампионите ја отвори со пораз пред својата публика од ПСЖ, натпревар по кој Наумче Мојсовски  отворено проговори за проблемите што ги има во клубот, а кои што имале и делумно влијание врз конечниот резултат. Оној кој што досега беше најгласен во однос на оваа тема, срспкиот голман Дарко Станиќ кој на дуелот против „светците“ за прв пат сезонава застана меѓу стативите на Металург, не сакаше премногу детално да зборува околу оваа тема.

“Многу е комплексно во овој момент да се каже нешто за Металург, односно мојата ситуација во која што се најдовме. Јас се потрудив како професионалец, со срце и желба заедно со моите колеги да одговориме на предизвикот, односно да го постигнемe она што оваа публика навикна од нас, победи. Но, еве загубивме, причините можат да ги бараме на многу места, но кога ќе се изгуби нема што многу да се зборува. Што се однесува од моја страна никогаш и немаше проблеми, но не бегам од тоа дека има проблеми во клубот. Јас многу зборував, па решив веќе да не коментирам околу оваа тематика, некој друг нека коментира сега, не можам само јас да зборувам” – изјави во разговорот за ЕКИПА,  Дарко Станиќ.

Сепак, како што истакна српскиот репрезентативец, и покрај ситуацијата во која што се наоѓаат, тој како и колегите како големи професионалци веќе се фокусираат на следниот противник, односно дуелот од второт кола во ЛШ, на гости против Брест Мешков

“Што е тука е, одиме понатаму, се надевам дека брзо ќе се консолидираме. Еве ни се враќа Вугринец, тука се и Мојсовски и Димовски кои можат повеќе да ни помогнат, а воедно како што реков ќе се потрудиме и ние да се консолидираме. Познавајќи го нашиот менталитет не се сомневам дека ќе се вратиме и оствариме победа со која ќе ја израдуваме нашата публика, за која што  немам зборови со кои што би ја опишал. Еве, после мечот коментиравме со колегите, оваа публика е феноменална, има во Европа и поекстремни и понекстремн инавивачи, но нашите поседуваат едно големо познавање на ракометот, знаат кога е потребно да дадат дополнителна енергија, односно позитивна атмосфера” – истакнува Станиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.