Српските навивачи сакаа да провоцираат со грчко знаме во Скопје, па изедоа ќотек од полицијата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Српските навивачи сакаа да провоцираат со грчко знаме во Скопје, па изедоа ќотек од полицијата

Нема пријателство кога е во прашање фудбалот, па така и српските навивачи кои дојдоа на арената „Филип Втори“ и се сместени на источната трибина, извадија грчко знаме за да провоцираат. Оваа нивна постапка наиде на жестоки реакции кај македонската публика, а неколку минути подоцна на источната трибина влезе полицијата за да им го одземе знамето и за да ги „дисциплинира“.

 

Атмосферата не се смири ниту при интонирањето на химните. Македонската публика со свирежи ја испрати српската химна, а потоа и српските фанови упатија свирежи за македонската химна. Сето ова беше непотребно, но лошата и тензична атмосфера почна уште во текот на денот кога низ градот Скопје се случија неколку инциденти, а дел од српките фанови завршија и во болница. Во моментот на стадионот има околу 200 српски навивачи и мирно го следат натпреварот, откако полицијата ги смири.     

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.