„Срните“ ги стишаа „штурците“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Срните“ ги стишаа „штурците“

Последното коло од оваа јубилејна 10-та сезона на Монте-ЈУНИОР минибаскет лигата со право им го доверивме на Генерацијата 2003/04. На сите шест натпревари можеше да се проследи интересна кошаркарска приказна и тоа во “режија” на најмладите минибаскетџии во земјава. 
 
Нај-екипа на ова коло која ќе оди на частење во МекДоналдс е екипата на  СРНИ кои одиграа во нивни стил, елегантно и сконцентрирано. Водството го преземаа уште од почетокот на натпреварот и на противникот не му дозволија во ниту еден момент да направи рзултатски пресврт. Во последната четвртина Штрумфовите покажаа одлична игра и во нападот и во одбраната, па од лесен натпревар на крај прерасна во драма, која за среќа на Срните заврши во нивна полза со минимална победа. Најдобар стрелец Митровски М. со 9 поени.
 
Гостите од Тетово и Штурците го стартуваа ова коло. Тетовчани покажаа одлична игра која резултираше со постојано зголемување на предноста во секоја четвртина и на крајот нови два бода на табелата. Билбиловски беше најефикасен со 7 поени и ја освои наградата од Монте.
 
МРАВКИТЕ во вториот натпревар беа задржани од одличната одбрана на СОНЦАТА кои во првите две четвртини не дозволија да примат ниту еден поен. Во третата четвртина Мравките се разбудија, но сепак беше доцна да се стори нешто против расположените Сонца. Најдобар стрелец Николовски со 5 поени.
 
По натпреварот следуваше и првата игра Цотинос Скилс Чејлинџ во која силите си ги одмерија Срните и Штрумфовите.
Митровски, Зафирова, Милошевски и Стојановски од Срните, повторно во самиот финиш беа поумешни од Шаботиќ, Ѓорѓевиќ, Петров и Тодоровски од Штрумфовите. 
 
ЅВЕЗДИТЕ силно светнаа на четвртиот натпревар, а благодарение на расположениот Крстиќ кој беше најдобар стрелец со 8 поена и неколку асистенции успеаа да забележат нови два бода на своето салдо. Иако на самиот старт КЛОВНОВИТЕ покажаа изедначена игра, сепак во продолжението на натпреварот  кошаркарите од Г.Прличев ги преземаа конците во свои раце. 
 
По натпреварот следуваше и втората игра Мек Доналдс 2 Опен Болс 
Ѕвезди – Крстиќ Н., Петров Б. 10
Кловнови – Иванов И., Огнарски С. 07
 
Во петиот натправар помеѓу ИГУАНИТЕ и ГЛАДИЈАТОРИТЕ бевме сведоци на шутерски расположени екипи кои го полнат кошот на противникот од секоја позиција. На крај и покрај победата на Гладијаторите кои во своите редови го има расположениот Митковски со 20 поена сепак двата бода им припаднаа на Игуаните поради недоволен број на играчи во гостинската екипа. И за крај на ова кола се сретнаа АЈКУЛИТЕ и ПАЈАЦИТЕ. Ајкулите беа далеку подоминантни во секој поглед на натпреварот и иако среќата беше на страната на Пајаците кои стрпливо ја плетеа мрежата и на крај успеаа да дојдат до минимална победа од 2 поени сепак поради непочитување на правилата на Монте лигата Ајкулите им се радуваа на двата бода. Најдобар стрелец Марковски со 5 поени.


РЕЗУЛТАТИ:


ТОМАС ТЕТОВО – ШТУРЦИ (Б.Миладивци)         21-09
ТОМАС: Богданоски М., Гиноски Д., Билбилоски Н. 7, Димовски К., Марковиќ С., Ацевски С. 2, Црвенковски В. 2, Атанасовски П., Јакимовски М., Васовски Д., Стојановски П. 3, Стојановски А. 4, Јовановски М. 5, Ивановски М., Димовски Д.
ШТУРЦИ: Гацов Д. 2, Јаневски Д. 2, Горгиев С., Илиевски В., Станковски Д., Симоновски В., Симоновски Д. 2, Стојковски Б. 2, Трајковски Л., Николовски Л., Веселиновски С., Јошев Х., Станковски Д., Стојановски М., Петковски С., Бодинџов К. 2, Ѓогиевски П.

МРАВКИ (Л.Ангеловски 2) – СОНЦА(О.У.Песталоци)    07-22
МРАВКИ: Ангелов., Ристевски., Савов., Зечевиќ., Стојановски 3, Анастасовски., Милошевски., Боштовански 2, Киселовска, Буха, Поповски, Ајдински, Стевановски 2, Гоговски.
СОНЦА: Михајловски А. 2, Насевски Ч., Марковски М. 2, Најдовски Л. 2, Новевски П., Цветковски Ј., Стојковиќ К., Стојановски Л. 2, Станковиќ А. 3, Лазаревски С. 4, Николовски Т. 5, Илиовски А. 2, Дуев И., Поп-Трпев Д., Јовановски П.

СРНИ (Л.Ангеловски 1) – ШТУМФОВИ (А.Шопов)   38-37
СРНИ: Спасеновски Г. 5, Милошевски М., Митровски М. 9, Стојановски М. 2, Петрушевски Н. 6, Благоевски Б., Милковиќ М., Консатантиновиќ Д. 4, Зафирова Н. 8, Христов Д. 4.
ШТРУМФОВИ: Смајовиќ Б., Ибраимов 2, Миливојевиќ. 1, Дамир Е., Златков 2, Костадиновска 2, Малинков, Боцева 2, Стефановски 4, Ѓорѓевиќ 7, Петров, Тодоровски 5, Шаботиќ 4.

ЅВЕЗДИ (Г.Прличев) – КЛОВНОВИ (П.Зоогравски)   23-07
ЅВЕЗДИ: Крстиќ Н. 8, Митревски А. 7, Пемпер С. 2, Георгиевски М., Здравковски М. 2, Георгиева Е. 2, Петров Б. 2, Колевски Б., Соколовски П., Соколовска С., Стојановски К., Христов А.
КЛОВНОВИ: Петрушевски К., Иванов. 2, Аврамовски Д., Овнарски С. 2, Симјановски М. 1, Дуковски М., Зафировски Г. 2, Сандев М., Наумовски Д., Милошевски Т., Трајковски А.
 
ИГУАНИ (Д.Крапчев) – ГЛАДИЈАТОВИ (Ѓ.Пулевски)   24-41
ИГУАНИ: Рајковски К., Марковска М. 2, Димитровски Р., Митковски И. 1, Шаќировиќ М., Наков Б. 1, Стојановски П., Ѓуревски Ф., Адемовиќ А. 10, Стефановски С., Марковски М. 11.
ГЛАДИЈАТОРИ: Ѓураковски Н., Трајков А. 2, Хоџиќ С. 8, Трифуновски Д., Трифуновски А.,, Митковски А. 20, Дашевски Д., Бокалинов Н. 11.

АЈКУЛИ (К.Неделковски) – ПАЈАЦИ (Г.Делчев)  15-17
АЈКУЛИ: Богатиновски Т. 2, Каранаков М. 1, Поповски М., Даниловски Н., Тренчевски, Алексиќ М. 2, Никодинов В., Пендаровски В. 4, Танасоски И. 3, Димитровски Г. 1, Никифоровски В. 2.
ПАЈАЦИ: Марковски М. 5, Маркоски Н. 5, Миленковски М. 2, Даниловски М. 3, Ангеловска Е., Адемовиќ А. 1, Рајковси К. 3.
 
 

 

Група А

1.

Ајкули

2

2

0

51

06

4

2.

Томас

2

1

1

35

24

3

3.

Пајаци

2

1

1

15

29

2

4.

Штурци

2

0

2

15

57

2

Група Б

1.

Ѕвезди

2

2

0

53

27

4

2.

Срни

2

2

0

61

55

4

3.

Штрумфови

2

0

2

57

68

2

4.

Кловнови

2

0

2

25

46

2

Група В

1.

Игуани

2

1

1

31

20

3

2.

Сонца

2

1

1

52

44

3

3.

Мравки

2

1

1

27

38

3

4.

Гладијатори

2

1

1

37

45

2

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.