Легендите на Тетекс и Пелистер на едно место: Јовановски, Мицевски, Стојковски, Христов... за потсетување на старите добри времиња - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Легендите на Тетекс и Пелистер на едно место: Јовановски, Мицевски, Стојковски, Христов… за потсетување на старите добри времиња

Легендите на Тетекс и Пелистер на едно место: Јовановски, Мицевски, Стојковски, Христов… за потсетување на старите добри времиња

Ветераните на Тетекс и на Пелистер одиграа меѓусебна средба потсетувајќи се на старите добри фудбалски времиња. Бројни легенди од двата клуба беа дел од собирот кој на крајот, иако тоа е најмалку важно, заврши со победа на „пелистерци“ од 3-4.

Стрелци на погодоците за Тетекс беа Горан Станковски во два наврати, а еден беше автогол на Димов, додека за Пелистер двапати стрелаше Ванчо Мицевски, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Тони Мицевски и Ѓорѓи Христов.

Teteks i Pelister veterani 2

Во дресот на Тетекс, меѓу останатите, се појавија Зоран и Борче Јовановски, Стојмир Урошевиќ, Горан Станковски, Зоран Штерјовски, Ивица Јовановски, Борче и Тони Јакимовски, а за Пелистер, пак, поранешните наши репрезентативци Ѓорѓи Христов, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Ванчо Мицевски, Горан Ставревски, Бруно Пресилски… Сите тие од трибините следени и од поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.