Србиновски: Победа си е победа, макар и со 100 примени кошеви - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Србиновски: Победа си е победа, макар и со 100 примени кошеви

Србиновски: Победа си е победа, макар и со 100 примени кошеви

Куманово синоќа го одигра првиот натпревар од втората групна фаза на БИБЛ лигата и славеше со 101-106 над вториот македонски клуб во групата Д, Карпош соколи. За македонскиот вицешампион овој триумф им ја олеснува работата за преостанатите натпревари пред полуфиналето на балканското натпреварување.

Кумановци одлично го отворија натпреварот, а со агресивен ритам на игра стигнаа и до 20 поени предност на полувремето (33-53). Во вториот дел „соколите“ заиграа далеку подобро што резултираше со неивесна завршница.

Во победничкиот табор се задоволни од новиот триумф кој сигурно ќе ги доближи до најдобрите четири екипи во првенството.

„Победа си е победа, макар и со 100 примени кошеви. Тоа значи дека сме дале повеќе од противникот. Едноставно добро го отворивме овој натпревар. Го искористивме заморот на Соколи поради гостинскиот натпревар во АБА лигата. Кај нас се разиграа и главните играчи, т.е сите коректно одиграа. Направивме солидна разлика на почетокот, а додека се сетија соколи дека не се шегуваме веќе им беше доцна. На крај дозволивме пенал завршница, но тоа беше поради тоа што тие успеаја да погодат некои невгозможни тројки“ – истакна Марјан Србиновски.

Тројките во последните две минути влијаеле на концентрацијата на кумановци, но сепак на последните паузи од тајмаутот кој го зема Србиновски тие успеаја да се консолидираат и да победат.

„Ова е важна победа за нас поради тој понатамошен пласман во полуфинале кон кој целиме. Знаеме дека Соколи се силна екипа, во моментов посилни се од нас. Ние не дојдовме да се предадеме туку да се бориме и ова ни е вистинска увертира за понатаму во натпреварувањето. Тие сигурно чувствуваат некој замор, но ние ммора да се гледаме себе прво, а така прават и тие. Имаат важен натпревар за опстанок во АБА лигата и можеби тактизираа малку, но тоа нас не треба да не интересира. Отворивме како што сакавме, но тројките на крајот нè убија во поим. Особено во последните две минути кога ние мислевме дека натпреварот е добиен. Тие погодија сè можно, но ние сепак собравме сила и го завршивме натпреварот во наша корист“ – истакна Данило Мијатовиќ кој со 27 поени беше најефикасен кај Куманово.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.