Србија, спаринг-партнер на ракометарите пред ЕП - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Србија, спаринг-партнер на ракометарите пред ЕП

Србија, спаринг-партнер на ракометарите пред ЕП

Македонската ракометна репрезентација ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија на 5 јануари, како увертира за настапот на ЕП 2018 во Хрватска.

Ракометната Федерација на Србија денеска го објави целиот список на подготвителни натпревари, потврдувајќи ги најавите дека избраниците на Раул Гонзалес ќе се сретнат со нашиот северен сосед во пресрет на европскиот шампионат. Натпреварот меѓу Србија и Македонија е закажан за 5 јануари и ќе се игра во 18 часот во салата „Вождовац“ во Белград.

Од таборот на нашата репрезентација од претходно беше најавено дека Македонија ќе игра само две контролни средби, против Србија и Саудиска Арабија. Со оглед на фактот дека Саудиска Арабија на 2 јануари во Белград ќе се сретне со Србија, за очекување е „црвено-жолтите“ ден или два подоцна да ги одмерат силите со овој ривал, а потоа финалната контрола да ја имаат со Србите.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.