Србија, европски првак во одбојка - Екипа - Екипа
Србија, европски првак во одбојка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Србија, европски првак во одбојка

Србија е новиот првак на Европа во одбојка, откако во големото финале на шампионатот на Стариот континент вечерва ја совлада селекцијата на Италија со 3-1 во сетови. Охрабрени по извонредниот триумф од 3-2 над Русија во полуфиналето, српските одбојкари влегоа крајно мотивирани во денешното финале, не дозволувајќи да бидат исфрлени од ритам ниту од одличниот прв сет што го одиграа „аѕурите“. 
 
Италијаните можеби очекуваа да продолжат со доминантна игра и да слават со максимални 3-0, но експресно сфатија дека против себе имаат многу квалитетен ривал. Србија одигра фантастичен втор сет што го доби со 25-20 и израмни на 1-1, за во третиот и четвртиот сет да се води крајно израмнета битка. Србите имаа огромна среќа за да поведат со 2-1 во сетови, ако се знае дека сервисот на Терзиќ ја удри мрежата, но успеа некако да мине над неа, да ги измами италијанските одбојкари и да му го донесе толку посакуваниот сет на својот национален тим. 
 
Италија одлично го почна четвртиот сет, поведе со 10-6, но српските одбојкари уште еднаш покажаа карактер и се вратија во натпреварот. Во клучните моменти Италија не реализираше една сет топка, а потоа на сцена повторно стапи Терзиќ. Српскиот одбојкар освои два поени на свој сервис за конечни 26-24 и еуфорија на српските одбојкари и навивачи за освоената титула европски шампиони.
 
До бронзената медела стигнаа одбојкарите на Полска, кои што во првиот меч на програмата ја совладаа Русија со 3-1.   

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.