Спортски маратон во Every Day - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Спортски маратон во Every Day

Денешниот ден носи голем број на кошаркарски и фудбалски возбудувања, па пица-барот Every Day организираше вистински спортски маратон, за да може на едно место да се проследат сите настани кон што се насочени очите на македонската, но и на светската спортска јавност. 

 

Серијата дуели што ќе можат во живо да бидат проследени во Every Day почнува со кошаркарската пресметка во Подгорица меѓу Будуќност и МЗТ Скопје (17 часот). Во овој локал гласно се славеше големиот триумф на „металците“ во премиерниот меч со Цибона, па сигурно повторно се очекува добра атмосфера и за денешната пресметка со Будуќност. 

 

По завршувањето на овој дуел од АБА-лигата, на сцена ќе стапат фудбалските возбудувања. Со почеток во 19.50 часот стартува најголемото дерби во светскиот фудбал, пресметката меѓу Барселона и Реал Мадрид која што ќе го донесе и новиот дуел на најдобрите двајца фудбалери на денешницата, Лео Меси од едната и Кристијано Роналдо од другата страна. Во 20.45 стартува и големото градско дерби на Милано меѓу екипите на Интер и Милан, меч што исто така ќе може да се проследи во Every day во извонредна спортска атмосфера, меѓу навивачи на двата тима.

 

Затоа, доколку немате решено каде да следите некој од овие, или пак сите, спортски настани што ќе го одбележат денешниот ден, пица барот Every day е вистинското место за такво нешто. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.