Спировски: Оставивме срце на терен, но во Истанбул ќе биде уште потешко - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Спировски: Оставивме срце на терен, но во Истанбул ќе биде уште потешко

Спировски: Оставивме срце на терен, но во Истанбул ќе биде уште потешко

Вардар во фантастичен натпревар стигна до одлична предност од 2-0, па фудбалерите на „црвено-црните“ уште еднаш покажаа дека се зрели да се носат и со големите европски клубови. Сепак, нашите играчи се свесни дека без оглед на одличната позитива, задачата на реваншот во Истанбул ќе биде пеколно тешка.

Беше тежок и цврст натпревар, онака како што и очекувавме пред почетокот. Ние го оставивме срцето на терен, одигравме храбро и тимски и уште еднаш на овие европски натпревари покажавме дека можеме да се носиме со големите екипи. Сите сме благодарни на поддршката на навивачите, и посакуваме да ги израдуваме и после реваншот на гостински терен, и се надеваме дека ќе им приредиме најубав подарок, а тоа е пласман во групите во Лигата на Европа. Предноста е добра, но уште ништо не е готово. Знаеме дека на реваншот ќе биде многу тежок натпревар во кој, како што кажа и нашиот тренер, ќе одиме да постигнеме гол и да си ја олесниме работата. Верувам дека ќе успееме да му донесеме успех на клубот и да ја израдуваме целата македонска јавност“ – истакнува Стефан Спировски, македонскиот репрезентативец во редовите на Вардар.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.