Спектакл со тажен повод на Сити Парк Бојс (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Спектакл со тажен повод на Сити Парк Бојс (ФОТО)

Спектакл со тажен повод на Сити Парк Бојс (ФОТО)

Работнички многу потешко од очекувањата славеше над „фенерџијата“ Бест со минимални 90-88, но овој натпревар мина во знакот на случувањата на трибините, односно на последниот поздрав на домашните навивачи Сити Парк Бојс до нивниот долгогодишен член Мирослав, кој трагично го загуби животот пред околу една седмица. Во негова чест беше истакната фантастична кореографија, со која припадниците на ЦПБ за последен пат се простија од својот „другар од трибина“.

Што се однесува до самиот натпревар, Работнички без помошта на Чековски се наоѓаше на прагот на срамен пораз, со оглед на фактот дека Бест е убедливо последен на табелата, а згора на тоа гостите настапија без својот најдобар играч, Американецот Харис. По регуларните 40 минути игра резултатот гласеше израмнети 82-82, за Работнички дури во продолжението да го скрши отпорот на гостите од Гевгелија и да стигне до победата. Мираковски со 28 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека прв стрелец кај Бест беше Лазаревски, исто така со 28 поени.

miro transparent cpb gradski park 2

miro transparent cpb gradski park

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.