Соопштение на ФК Вардар: Казната од 40.000 евра треба да ја платат Комити од своите билети - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Соопштение на ФК Вардар: Казната од 40.000 евра треба да ја платат Комити од своите билети

Соопштение на ФК Вардар: Казната од 40.000 евра треба да ја платат Комити од своите билети

Раководството на македонскиот фудбалски првак ФК Вардар се реши за драстични мерки кон своите навивачи, популарните „Комити“, кои во иднина ќе треба да плаќаат билети за мечевите на фудбалскиот клуб (а не и за ракометниот клуб Вардар), се додека со тоа не биде надоместена казната од 40.000 евра што УЕФА му ја изрече на ФК Вардар, за однесувањето на навивачите на дуелот со АПОЕЛ во Скопје.

Ако се претпостави дека во просек околу 500 „Комити“ се појавуваат на Западната трибина на секој меч на ФК Вардар, а влезницата чини по 100 денари (околу 1,5 евра), тогаш јасно е дека за еден меч раководството ќе ’успее’ да прокнижи околу 750 евра од „Комитите“. За да бидат собрани 40.000 евра од нив, тие ќе треба да плаќаат на наредните 53 или 54 натпревари на домашен терен. Тоа значи дека се работи за околу три сезони во македонскиот шампионат.

Соопштението што го објави раководството на ФК Вардар, го објавуваме во целост:

На првенствениот фудбалски натпревар против Хоризонт Турново, неколку десетици навивачи останаа надвор од стадионот од каде го бодреа клубот. Нив не им беше овозможен влез на стадионот поради тоа што немаа билети, како и сите други гледачи кои присуствуваа на овој меч.

Ваквата одлука клубот ја донесе поради казната која стигна од УЕФА за мечот Вардар-АПОЕЛ во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите, кога бевме казнети со вкупно 40.000 евра. Таа штета мора некако да се надополни. ФК Вардар е казнет по основ на недозволиво однесување и скандирање на дел од навивачите, користење на пиротехнички средства, и за постапките на агенцијата која беше задолжена да го обезбедува тој дел од стадионот.

Паричниот надомест кој треба ФК Вардар да го исплати кон УЕФА, ќе го надомести, а покрај тужбата против агенцијата за обезбедување, во иднина ќе наплатува и влезници.

Оваа одлука ќе важи се додека не се надоместат средствата од изречената казна. Како клуб го разбираме револтот на навивачите, но мора и тие да разберат дека казната треба да ја плати оној поради кој е и донесена. Ова не важи за ракометните натпревари кои и понатаму „ најверните навивачи“ ќе можат да ги следат без билет, меѓутоа за фудбалските натпревари ќе мора во иднина сите да купуваат влезници.

Во прилог и казната од страна на УЕФА која стигна на адресата на Ф.К. Вардар:

kazna za vardar

Фото: www.fkvardar.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.