„Соколите“ од работ на амбисот до триумф над ФМП - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Соколите“ од работ на амбисот до триумф над ФМП

„Соколите“ од работ на амбисот до триумф над ФМП

Кога сè се чинеше готово, Кендрик Пери се разигра и му донесе втора шанса на својот клуб. Па така „соколите“ од Карпош се разбудија и по пет минути дополнителна игра ја запишаа осмата победа во низа на домашен терен, овој пат против ФМП со 88-81 (26-16, 14-16, 22-17, 13-26, 13-6). Кошаркарите на клубот од Карпош беа доминантни во првиот дел од натпреварот, но целосно потфрлија во вториот што ги донесе на раб на пораз. За тоа да не се случи се погрижија Шепа и Лабовиќ кои ги искористија грешките на противникот во вистинско време.

Уште од самиот почеток на натпреварот, кошаркарите на ФМП делуваа индиспонирано и не можеа да го фатат ритамот на игра кој го наметна расположениот домаќин. „Соколите“ отворија со 10-1 серија што го предизвика гостинскиот тренер рано на натпреварот да ги построи своите избраници на тајмаут. Заиграа гостите нешто подобро, но грешките не изостанаа. Остин не можеше да се снајде под противничкиот обрач, Човиќ не беше шутерски расположен како и Болден кој вообичаено знае да биде лидер на тимот. Само четири минути игра им беа доволни на домаќините за да направат двоцифрена преднсот (14-3) која ја задржаа до крајот на првиот период (26-16). Вториот период донесе низа проблеми за клубот од Карпош. Судиското трио направи неколку дискутабилни одлуки што предизвикаа незадоволство кај присутните во публиката како и кај актерите на паркетот. Клупата, Бојан Трајковски и Игор Пенов заработија технички грешки, а како ’капак на сè’ беше и повредата на Зоран Вркиќ кон крајот на првиот дел од натпреварот. Крилниот кошаркар со болка на лицето го напушти теренот, а неговите соиграчи успеаја да ја одржат разликата до паузата (40-32).


SOKOLI-FMP-6

Лабовиќ ја одигра главната улога во воведните две минути откако екипи се вратија на паркетот. Корпулентниот кошаркар со неколку соло-акции повторно ја врати двоцифрената разлика за својот клуб, а со тоа се врати и самодовербата. Со далеку постабилна игра, домаќините успеаја да го одржат водството на 13 поени (62-49), предност со која се влезе во последните десет минути. Последниот период потсетуваше како вториот. Кошаркарите од гостинскиот состав намалија на ’минус 10’ (67-57) што разбуди аларма кај „соколите“. Во мешувреме, судиите во наредните две акции на гостите пресудија речиси непостоечки фаули, па разликата првпат по долго време се намали на само шест поени (67-61). Во критични моменти за „соколите“ се разигра Жижиќ и му го донесе првото водство на ФМП во 36. минута (67-68). Ниту тајмаутот на Драган Николиќ не им помогна на „соколите“ да се консолидираат. Шутот за три не функционираше воопшто што одеше во корист на гостите. На нешто повеќе од 60 сеунди до крајот на натпреварот Лазаревиќ го одбрани својот обрач, а потоа водеше акција и погоди за три (70-74). Пери успеа да изнуди фаул во вистинско време, намали на еден поен негатива (73-74) на десет секунди до крајот на натпреварот. Давидовац го направи истото, но реализира само едно слободно фрлање (73-75). Следеше тајмаут на Николиќ. Три секунди на семафорот – и Пери спречи пораз. Американецот реализира од поле за пет дополнителни минути.

SOKOLI-FMP-5

Лабовиќ продолжи да биде лидер на тимот, а во меѓувреме се разигра и Филип Шепа, повратникот во редовите на клубот од Карпош. Лазаревиќ беше оставен сам во полето на домаќините и реализира тројка, па повторно разликата беше само еден поен (82-81). Ќовиќ изнуди фаул, но не успеа да погоди. На спротивната страна Пери си ја заврши својата работа за 84-81 на една минута до крајот, водство кое сепак се покажа како недостижно за гостинскиот состав.

Најефикасен кај „Соколите“ беше Лабовиќ со 21 поен и пет скока, 18 поени постигна и Мавра. За ФМП тоа беа Човиќ со 15 и Апиќ со 11 поени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.