
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Собир пред Азербејџан
- '
- Објавено: август 6, 2011 22:00
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска напладне го имаше првиот собир во хотелот „Стоун бриџ” во Скопје, во пресрет на пријателскиот натпревар со Азербејџан што ќе се одигра в среда во Баку, со почеток во 17 часот по македонско време.
Бобан Бабунски, кој на овој натпревар ќе ја извршува селекторската улога во А-тимот, очекува Македонија да се претстави во светло издание на пријателскиот меч во Азербејџан. Во нашата најдобра селекција повикани се неколку млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година, а поради повреда во последен момент отпаднаа Александар Лазевски и Агим Ибраими. Искусниот Николче Новески побара да биде ослободен од обвските за овој натпревар, па Бабунски најверојатно ќе има на располагање 18 фудбалери во Баку. На репрезентацијата директно во Азербејџан ќе и се приклучи Славчо Георгиевски, а можеби и Игор Митревски доколку добие дозвола од медицинските лица во својот клуб, Нефчи.
– Дел од фудбалерите пристигнаа, очекуваме околу десетмина од нив да се појават на вечерашниот тренинг на арената „Филип Втори”, а останатите поради обврските во своите клубови или поради авионските релации ќе ни се приклучат утре, на пат кон Азербејџан, на аеродромот во Виена. Не очекува пријателски натпревар со Азербејџан, репрезентација која заслужува респект, но ние се надеваме дека ќе оствариме позитивен резултат – изјави в.д.селекторот Бобан Бабунски.