Смилевски го урна рекордот на Маленко - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Смилевски го урна рекордот на Маленко

Виктор Смилевски оствари одличен резултат на пливачкиот меѓународен митинг „13 Ноември“ што викендов се одржа во базенот „Борис Трајковски“, откако успеа да го урне кадетскиот рекорд на Александар Маленко во дисциплината 100 метри слободно. Младиот 16-годишен пливач ја мина делницата за време од 53,31 секунда, што е за 40 стотинки подобро од 18 години стариот рекорд на Маленко. Со ова време, Смилевски го освои второто место на митингот, зад Израелецот Зив Колонтаров.

Воедно, Виктор Смилевски ја потврди одличната форма со нов рекорд на 50 метри слободно, со што стана првиот кадет што ја испливал оваа делница под 24 секунди (23,95 секунди). И на оваа делница македонскиот кадет стигна до второто место во генералниот пласман, зад Колонтаров од Израел.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.