Симе Симевски: Времето на оваа репрезентација допрва доаѓа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Симе Симевски: Времето на оваа репрезентација допрва доаѓа

Симе Симевски: Времето на оваа репрезентација допрва доаѓа

За подмладениот состав на македонската репрезентација во која просечната возраст е 20, 4 години, многу поискусната селекција на Хрватска беше пресилен противник. Но, и покрај убедливиот пораз од 22-36, избраничките на селекторот Симе Симовски заслужуваат поддршка за желбата и за борбеноста.

Играме со фаворити, реални сме и знаеме каков циклус е ова за нашата репрезентација со овој млад состав. Но, времето на оваа репрезентација допрва доаѓа. Ни недостасува искуство и ни недостасуваат големи натпревари во континуитет. Без разлика на резултатот, јас имам верба во овој млад состав. Игравме онолку колку што имавме сили и колку што ни дозволи физичката подготвеност. Не можам да им замерам на девојките, на желбата и на залагањето. Се надевам дека ќе има напредок и дека во следниот циклус ќе бидеме многу подобри“ – истакна Симовски по поразот од Хрватска.

И за македонската репрезентативка, Јована Саздовска, поголемото искуство на хрватската репрезентација е она што дојде до израз во решавачките моменти на денешниот меч.

„Ние сме многу млада репрезентација, ни недостасува искуство во вакви мечеви. Влеговме со голема мотивација и желба нешто да направиме на овој натпревар. Но, на терен се покажа дека сепак искуството е пресудно. Се надевам дека оваа репрезентација ќе созрее и дека во иднина не очекуваат многу подобри резултати“ – изјави Саздовска.

Хрватска ја оправда фаворитската улога во дуелот со Македонија. До вториот триумф во квалификациите за ЕП 2016, репрезентацијата на Хрватска стигна со успешна реализација на планираното и пред се со агресивна игра во одбраната.

„Знаевме дека сме фаворити во овој дуел. Но, колку и да звучи тоа добро, знаевме и дека мора да одиграме како што треба. Го реализиравме тоа што го планиравме, да одиграме агресивна опдбрана со која ќе го умориме противникот и да дојде до пад во нивната игра. Тоа го реализиравме и тука ја направивме разликата“ – резимираше хрватскиот селектор, Горан Мрѓен.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.