Силекс ги стартуваше зимските подготовки, Танушев единствена „ластовичка“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Силекс ги стартуваше зимските подготовки, Танушев единствена „ластовичка“

Силекс ги стартуваше зимските подготовки, Танушев единствена „ластовичка“

Кратовскиот прволигаш Силекс денеска ги започна зимските подготовки. Тренерот Жикица Тасевски ја одржа првата прозивка на фудбалерите, а на неа се најде и повратникот Ѓорѓи Танушев, кој напролет повторно ќе го носи дресот на Силекс по шест месеци поминати во второлигашот Борец.

Силекс првиот дел од подготовките ќе го реализира во Кратово, а на 22.јануари ќе замине во турскиот туристички центар Анталија, каде ќе одигра неколку пријателски натпревари. Во фокусот на кратовци секако е да се подготват добро за пролетниот дел од сезоната и да се обидат го задржат третото место на табелата, кое гарантира излез на европска сцена следната сезона.

По 18 одиграни кола во есенскиот дел од првенството, Силекс освои 31 бод, шест повеќе од четвртопласираниот тим на Академија Пандев и осум бода повеќе од Работнички и од Шкупи.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.