Шверцери: Одлука што ги повредува и навивачите и фудбалот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шверцери: Одлука што ги повредува и навивачите и фудбалот

Шверцери: Одлука што ги повредува и навивачите и фудбалот

Навивачите на Шкупи, популарните „Шверцери“, преку соопштение реагираа на одлуката за преместување на локацијата на одигрување на мечот со Работнички, кој наместо во Скопје ќе се игра в недела во Велес, и тоа беа публика на трибините. Реакцијата на „Шверцери“ ја пренесуваме во целост.

Навивачката група Шверцери е разочарана од одлуката за распоредување на натпреварот меѓу Работнички и Шкупи, како и од забраната на навивачите на стадионите, затоа што оваа скандалозна одлука не ги повредува само фановите и навивачите, туку пред се и мизерниот фудбал  што го имаме. Имавме зрак на надеж дека се ќе се регулира и ќе се подигне нивото на фудбалот, но скандалозните одлуки на ФФМ, одлуки кои може да се нарекуваат и политички, бидејќи политиката јасно влијае врз спортот. Оттука апелираме: Напуштете ја политиката и помогнете го спортот, бидејќи вака овој спорт го закопувате и ги уништувате сите општествени и граѓански вредности. Спортот е богатство, затоа отстранете го политичкото влијание од него. 

Сепак, ние ќе бидеме крај клубот затоа што умот и срцето ги имаме таму, а тие пречки само ја зголемуваат љубовта и работатата за да не се чувствува осамен овој историски клуб од главниот град.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.