Шверцери: Фудбалот се игра за навивачи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шверцери: Фудбалот се игра за навивачи

Шверцери: Фудбалот се игра за навивачи

Навивачите на Шкупи, припадници на навивачката група „Шверцери“, со големо незадоволство ја примија информацијата дека нема да им биде дозволено присуство на премиерниот дуел од новата сезона, гостувањето против шампионот Вардар. Тие преку соопштение до јавноста реагираа на ваквата одлука, дуелот меѓу Вардар и Шкупи што ќе се игра в недела во 20.30 часот да биде прогласен за натпревар од висок ризик.

Навивачката група Шверцери со големо разочарување ја дочека одлуката да не се дозволи присуство на гостински навивачи на долго очекуваното дерби Вардар – Шкупи. Веруваме дека ваквата одлука на надлежните органи, МВР, ФФМ е голем удар за локалниот фудбал и за спортот генерални. Фудбалот се игра за навивачите, а градското дерби кое се враќа по многу години беше шанса да се наполни стадионот како никогаш досега. Ова е потфрлање на МВР и фудбалските институции за организирање на еден фудбалски меч јасно го покажува нивниот капацитет за организација на мечеви. Нашите ривали, Комити ги повикуваме еднаш да го поддржат спортот и вистинскиот дух на ултрас-движењето и да го бојкотираат мечот, ако не се дозволат гостински навивачи. И покрај сите опструкции, Шверцери ќе бидат моралнa поддршка на својот клуб за победа на дербито“, се вели во соопштението на навивачката група „Шверцери“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.