Шут-карта од Вардар за Индира Кастратовиќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шут-карта од Вардар за Индира Кастратовиќ

Шут-карта од Вардар за Индира Кастратовиќ

Индира Кастратовиќ повеќе не е шеф на стручниот штаб на ЖРК Вардар откако денеска доби отказ од страна на раководството на македонскиот првак. „Црвено-црните“ преку соопштение на сопствената веб-страница објавија дека ја прекинуваат соработката со некогаш врвната ракометарка, која сепак не се снајде најдобро во тренерската улога.

„Црвено-црните“ во претходните години се обидуваа со носење на „советници“ (Расмусен, Питлик, Дејвис) да го засилат стручниот штаб, Кастратовиќ на стартот од сезонава повторно доби слобода целосно да раководи со тимот, но разочарувачкото реми со ФТЦ Будимпешта беше јасен знак дека таа не може да го извлече максимумот од тимот, по што следеше денешната разделба.

На денешниот тренинг на играчите им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Ракометарките продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а без оглед на промените амбициите остануваа исти, а тоа е напад на самиот европски врв. На натпреварот од Б групата од ЛШ, во првото коло Вардар одигра нерешено, 27-27 со ФТЦ Будимпешта. Кој ќе ја замени Кастратовиќ на клупата ќе биде познато деновиве а клубот дополнително ќе објави детали околу идните чекори за ангажирање на тренер. Досегашниот помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб и во иднина“ – објави ЖРК Вардар на својата официјална веб-страница.

Кастратовиќ беше дел од „црвено-црните“ од 2012 година, со оваа екипа освојувајќи четири титули шампион на Македонија и три трофеи во Купот на Македонија. Сепак, изостана реализацијата на крајната цел – освојување на европската круна, откако „вардарки“ три години стигнуваа до Ф4 турнирот, но губеа во полуфиналните пресметки во Будимпешта.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.