Шундовски и Ангеловски ја одбранија романската круна - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шундовски и Ангеловски ја одбранија романската круна

Екипата на Констанца, во чии редови настапува Бранислав Ангеловски, а тренер е Звонко Шундовски, ја продолжи својата доминација во романскиот ракомет осигурувајќи ја шестата шампионска титула во низа. Ниту сменетиот систем на натпреварување во завршницата од сезоната не им попречи на двајцата Македонци да стигнат до нова радост и апсолутно заслужено да се задржат на тронот на романскиот ракомет.

konstanca slavi

Во вечерашниот последен меч Констанца беше поразена од составот на Бакау со 24-19, но овој пораз не остави подлабока трага поради фактот дека на Бакау му беше потребен триумф од најмалку девет погодоци разлика за да стигне до титулата. Шундовски и неговите избраници се погрижија такво нешто во ниту еден момент да не биде доведено во прашање, одиграа максимално искусно и на крајот апсолутно заслужено ја прославија новата титула.

Овој трофеј воедно значи и директно учество на Констанца во Лигата на шампионите следната сезона, откако овој тим лани не успеа да ги мине квалификациите за елитното европско натпреварување.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.