Шуми повторно во пензија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шуми повторно во пензија

Некогаш најдобриот Формула 1 возач на сите времиња, Михаел
Шумахер, се повеќе се помирува со фактот дека направил голема грешка со
враќањето на патеките. Имено, германските медиуми шпекулираат дека Шуми е подготвен да го раскине договорот со Мерцедес ГП и веднаш по
завршувањето на оваа сезона да се врати во пензија.

Најавуван како голем фаворит пред две години,
Шумахер воопшто не ги оправда очекувањата на своите работодавци, како и на Ф-1
фановите ширум светот. Тој минатата сезона ниту еднаш не се најде меѓу првите
три возачи на било која трка, а и сезонава се наоѓа во сенка на тимскиот колега
Нико Розберг.

– Нормално е да се биде разочаран од она што се случува.
Морам да бидам реален и да признаам дека јас сум голем дел од проблемот.
Едноставно, веќе ја немам истата жед за победување како порано. Не влегувам во
трките максимално психички подготвен, што се одразува врз мојот пласман. Јасно
ми е дека вака не може да се продолжи, затоа наскоро ќе седнам на разговори со
газдите на тимот за да решиме што ќе биде најдобра варијанта за сите – изјави
Шумахер.

Германските медиуми најавуваат дека легендарниот возач
сигурно ќе се пензионира, а на негово место ќе биде ангажиран Пол ди Реста,
сегашен возач на Форс Индија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.