Што значи ултрас навивач... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Што значи ултрас навивач…

Ултрас нема име, само добрите пријатели го познаваат. Ултрас
нема лице, многупати капуљача му ја покрива главaта, а шалот му ја покрива устата. Ултрасот
не се облекува како сите останати,  не ја
следи модата, не ги сака новитетите. Кога шета по улица, иако нема обележја на
својата екипа, тој е препознатлив. Ултрасот напаѓа ако е нападнат, помага кога
е тоа потребно, не престанува да биде ултрас кога ќе го симне навивачкиот шал,
туку се бори седум дена во неделата.
 

Искусниот ултрас му дава пример на помладиот, а младиот има
респект кон повозрасниот. Младиот ултрас е горд дедека стои до повозрасниот, учи
од него и поцрвенува кога тој ќе му пружи рака. Кога обичните луѓе го гледаат
ултрас-навивачот, тие не го разбираат, а и тој не сака да биде разбран и не
сака да ги објаснува своите идеали.

 

Секој ултрас е различен: постојат оние кои носат обележја на
група или на клуб и оние кои никогаш во животот немале ништо такво. Постојат
такви кои се движат само со својата група, но и индивидуалци кои самите себеси
се сметаат за група.

 

Ултрасите се различни, но ги спојува љубовта кон својот
клуб, упорноста да се стои на нозе 90 минути на силен дожд или на студ, ги
спојува и топлината која ги грее додека пејат на цел глас, додека спијат
полупијани во воз кога одат на гостување, ги спојува прошетката низ центарот на
градот во кој се гостува, ги спојува еден сендвич кој дефинитивно би го
поделиле и повеќе од четворица после многу часови глад…Ги спојува и една
поделена цигара, ги спојува и кавгата за резервниот напаѓач кој го промашил
решавачкиот пенал, ги спојува и еден поглед, еден и единствен менталитет.

 

Сите работи кои меѓусебно ги спојуваат, истовремено ги
одвојуваат од останатиот обичен свет: од загрижените родители, од зачудените
роднини, од уплашените училишни другари и бизнис-колеги, од нетолерантните
професори или шефови. Ултрасот е излегување, изненадување кое ти краде насмевка
кога ќе сфатиш дека си се извлекол за дланка.

 

Ултрас е и рака која те вовлекува во возот кој е веќе тргнат.
Ултрас не е вандализам или насилство без причина, тоа е упорна одбрана на еден
начин на живот, кој западнал во криза поради социјална проблеми, поради
здодевната телевизија, но најмногу поради неоправданата репресија…

 

Да се биде ултрас е се ова, но и многу повеќе, емоции и
страст кои не можат да им се објаснат со зборови на луѓето кои тоа не сакаат да
го сфатат, на луѓето кои немаат храброст да го скршат стаклото и да влезат во навивачкиот
свет.                    

 

Повици за навивачка свест

– Не убивај, тоа е само човек кој навива за друг тим

– Не го боди со нож, тоа е само човек кој навива за друг тим

– Не пукај во него, тоа е само човек кој навива за друг тим

– не го удирај ривалот со факел, тоа е само човек кој навива
за друг тим

– не го гази ривалот на земја, тоа е само човек кој навива
за друг тим

– не го напаѓај ривалот во друштво на девојката, детето,
родителот…

– не ги напаѓај симпатизерите, тие не се достоен ривал

– не „плукај“ по покојните, мртвите не можат да се бранат  

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.