Штербик е „играч на месецот“ во Европа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Штербик е „играч на месецот“ во Европа

Штербик е „играч на месецот“ во Европа

Голманот на Вардар, Арпад Штербик е избран за играч на месецот во машка конкуренција во изборот што го организира ЕХФ. Штербик зад себе имаше низа фантастични настапи на голот на „вардарци“ во ЛШ, па сосема заслужено се закити со ова признание, што поради скратениот распоред во декември овојпат се однесува за ноември и декември.

„Ноември беше многу тежок месец за нас, дома игравме речиси перфектно. Исто така во Загреб одигравме одлично иако имавме лоша традиција на гостувањата против овој ривал. Ова ми е последна сезона во дресот на Вардар, но јас во секој случај останувам максимално фокусиран, желен да го дадам максимумот на секој натпревар до крајот“ – изјави Штербик.

Голманот на „вардарци“ освои повеќе гласови од Давид Балагуер од Нант, зад него се најдоа Уве Генсхајмер и Тјери Омејер од ПСЖ, додека петтопласиран е уште еден ракометар на Вардар, Црногорецот Вуко Борозан.

Во женска конкуренција, најдобра за ноември и декември е Ивета Лузумова од Турингер, а од редовите на ЖРК Вардар, Црногорката Јованка Радичевиќ се најде на петтата позиција.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.