Шок за мото-светот: Почина Ники Хејден - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шок за мото-светот: Почина Ники Хејден

Шок за мото-светот: Почина Ники Хејден

Ники Хејден денеска ја загуби најважната битка, откако претставниците на болницата во Чезена обелоденија дека американскиот мотициклист починал како последица од повредите здобиени при сообраќајната несреќа во близина на Римини.

Хејден возел со велосипед со група од десетина пријатели, кога на него налетал автомобил, по што Американецот со тешки повреди на градите и главата бил однесен во болница во Римини, од каде итно бил пренесен во клиниката во Чезена.

Хирурзите извршиле два хируршки зафати врз 36-годишниот Хејден, но и тоа се покажало недоволно за да се спаси животот на овој познат мотоциклист, кој во 2006 година се закити и со титулата во Мото ГП шампионатот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.