ШОК ВО ХРВАТСКА: Лука Модриќ се откажува од хрватската репрезентација!? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ШОК ВО ХРВАТСКА: Лука Модриќ се откажува од хрватската репрезентација!?

ШОК ВО ХРВАТСКА: Лука Модриќ се откажува од хрватската репрезентација!?

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја шокираше хрватската јавност најавувајќи дека размислува за напуштање на репрезентацијата.

Одлуката на Модриќ е поради големиот притисок кој се врши на него поради промената на исказот во случајот со судењето на Здравко Мамиќ…

„Репрезентацијата? Не сум донел конечна одлука, но размислувам за повлекување. Ќе видиме. Сега сакам да се посветам само на подготовките со Реал за новата сезона“ – истакна Модриќ за „Марка“, коментирајќи притоа околу сведочењето на суд…

modric za Marca

„Тоа е навистина комплицирана и незгодна ситуација. Сепак, мене совеста ми е чиста. Се што се случува околу тоа за мене е навистина многу тешко, но сум издржал и многу полоши работи во животот. Се надевам дека се набрзо ќе заврши“ – вели Модриќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.