Шок од Загреб: „Арена“ недостапна за средбите од ЕП! - Екипа - Екипа
Шок од Загреб: „Арена“ недостапна за средбите од ЕП! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шок од Загреб: „Арена“ недостапна за средбите од ЕП!

Шок од Загреб: „Арена“ недостапна за средбите од ЕП!

На само четири дена пред премиерниот меч од ЕП 2018 на македонската репрезентација против Словенија, од Хрватска стигнуваат шокантни информации дека салата „Арена“ ќе биде затворена за сите ракометни фанови на овој шампионат. Иако најголемата сала во Загреб од самиот старт беше најавена како домаќин на натпреварите во хрватскиот главен град,компанијата Ингра што ја изгради „Арена“ се реши на ваков чекор поради страв од неисплатени обврски од страна на Град Загреб и Владата на Хрватска.

Договорот е градот и Владата заеднички да плаќаат наем на „Арена“, но одолговлекувањето во исплатите е причина Ингра да се реши на ваков чекор.

„Неопходно е Владата и Град Загреб да ги потврдат исплатите. Сепак, според нашите сознанија некој во Владата смета дека треба да се плати многу помалку, па ја испратил пресметката на повторна проверка. Само што таа проверка трае шест месеци. Поучени од претходното искуство, кога по СП во ракомет ни останаа должни 1,4 милиони куни кои никогаш не ни ги платија, се решивме на ваков чекор додека не добиеме потврден извршај за исплата“ – изјави Игор Опенхајм, претседател на Ингра.

Арена е најголемата и најмодерната сала во Загреб, со капацитет од околу 15.000 седишта, а евентуална преселба во помала арена може да придонесе да дојде до скандал, да нема место за сите оние со купени влезници.

Очигледно е дека се работи за притисок за наплата на парите што се должат, па сега на потег се одговорните лица од политичкиот живот, да ги подмират обврските или да се соочат со скандал.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.