Школа за минибаскет Јуниор - 20 ГОДИНИ УСПЕШНА СПОРТСКА ПРИКАЗНА - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Школа за минибаскет Јуниор – 20 ГОДИНИ УСПЕШНА СПОРТСКА ПРИКАЗНА

Пред точно 20 години, младиот и перспективен тренер Саша Димитријевиќ имаше голем сон и ентузијазам, да создаде квалитетно место на коешто децата ќе можат да се собираат, да спортуваат и здраво да растат низ своето детство.  На 20 февруари 1994 година во ОУ “Васил Главинов” првите дечиња ги направија своите мали чекори, а нас горди и исполнети. Тогаш за прв пат во Македонија се спомна поимот “минибаскет”, тогаш нашиот сон стана реалност  бидејќи на тој ден започна со работа Школата за минибаскет ЈУНИОР.  
 
Започнавме некако срамежливо, со слоганот “Играј и учи кошарка”, а тренинзите ги одржувавме само во три основни училишта и тоа во ОУ “Васил Главинов”, ОУ “Кирил Пејчиновиќ” и ОУ “Моша Пијаде” и имавме околу 130 дечиња. Уште на самиот старт ја поставивме нашата основна програмска концепција или мисија – да вклучиме што е можно повеќе деца да се занимаваат со спорт и на тој начин да помогнеме во создавање на здрави генерации во Македонија. Оваа програма ја реализиравме со пет тренери и тоа: Дарко Димитријевиќ, Даниел Митевски, Александар Тодоров, Игор Цветановски и Ванчо Зунзуровски. 

Истата година, во летниот период го организиравме и првиот Летен кошаркарски камп во хотелот Изгрев во Струга, на кој имавме 120 учесници од цела Македонија. Од тогаш постојано растеме и се развиваме, со големо трпение, посветеност и љубов кон кошарката и децата сите овие години неуморно и вредно работиме, со цел постојано да ги надминеме вашите очекувања. 

Школа за минибаскет ЈУНИОР досега ја посетиле преку 13.157 дечиња и со нив работеле околу 68 тренери-најдобрите за работа со млади категории на играчи, што ни дава за право да кажеме дека нашата мисија “спортот да биде дел од филозофијата за здрав живот на секое дете” успешно ја остваруваме. Многу играчи кои почнале во нашата школа сега играат во реномирани странски и домашни клубови или се репрезентативци на Македонија (Ненад Зивчевиќ, Кирил Павловски, Дарко Соколов, Бојан Трајковски, Едис Нури, Борче Даскаловски, Јошко Кафеџис, Урош Васиљевиќ, Стефан Крстевски, Никола Гоговчевски, Мартин Шалев, Оливер Двојаковски, Ненад Димитријевиќ итн.).

Продолжуваме и понатаму со напорна и стручна работа, а принципот на работа во ЈУНИОР останува ист – ниту една млада особа која сака да се занимава со спорт не смее да биде елиминирана. Простор и место има буквално за сите деца од 6 до 15 годишна возраст, за оние кои пред се сакаат само да се занимаваат со некоја активност и да се дружат, како и за оние кои во спортот наоѓаат рекреативни и естетски цели, но и за сите талентирани деца и за оние со високо натпреварувачки цели.

Ви благодариме на сите што бевте или сте сеуште дел од нашиот сон, дел од нашето големо кошаркарско семејство, за довербата сите овие години и се надеваме дека заедно ќе растеме и напредуваме, ќе се дружиме и забавуваме уште долги години.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.