Шест месеци потоа, Димитрија Лазаревски дојде во Шкупи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шест месеци потоа, Димитрија Лазаревски дојде во Шкупи

Досегашниот лев бек на Вардар, Димитрија Лазаревски, потпиша договор со скопскиот второлигаш Шкупи. Ова е негов втор „дил“ со тимот од Чаир, откако беше претставен како засилување и пред шест месеци, но потоа се врати во Вардар, по промената на раководството во најтрофејниот клуб. Лазаревски ја одигра пролетната полусезона во дресот на „црвено-црните“, но ова лето не успеа да се договори за продолжување на соработката.

„Никогаш побрзо не сум одлучил да ставам потпис за некој клуб, како сега за Шкупи. Клубот има големи амбиции за претстојната сезона во второлигашкото друштво и јас сум подготвен да помогнам за остварување на целите“, изјави Лазаревски за „Лајм“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.