Шарапова: Не сум менторка на Димитров - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шарапова: Не сум менторка на Димитров

Руската тенисерка Марија Шарапова е задоволна од процесот на опоравување од повредата на рамото, а наведе и дека не сака да има улога на ментор на своето момче, Григор Димитров.

Победничката на четири Грен слем турнири не настапуваше од почетокот на август 2013 година не настапуваше од почетокот на август 2013 кога мораше да се подложи на операција на десното рамо.

„Сега се е добро, здрава сум и во текот на паузата меѓу сезоните, што ми е малку чудно, бидејќи секогаш сум имала некоја ситна повреда. Задоволна сум, дадов се од себе што побрзо да се опоравам“ – наведе Шарапова.

На прашањата дали паузата ја искористи и да биде ментор на своето момче, Григор Димитров, Русинката со подготвен одговор.

„Тоа прашање нему нема да му се допадне. Можеби сум јас подолго во професионалните води, но тој игра тенис од мали нозе, така да веројатно подобро од мене знае што треба да работи. Ние кога сме заедно ретко зборуваме за тенисот“ – вели Шарапова.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.