Шарапова му даде отказ на тренерот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Шарапова му даде отказ на тренерот

Руската тенисерка Марија Шарапова ја прекина соработката со досегашниот тренер, Швеѓанецот Томас Хогштед. Таа доживеа непријатен пораз уште на стартот од Вимблдон, но, официјално, разделбата доаѓа откако Хогштед поради лични проблеми не е во можност секогаш да патува на турнирите и да ја придружува Шарапова.
 
 
„По три години соработка, решивме да се разделиме со Хогштед. Тој поради лични проблеми не е во можност да патува заедно со мене на турнирите каде што настапувам, па двајцата се согласивме дека дојде времето за секој да тргне по својот пат. Му се заблагодарувам за досегашната соработка и му посакувам многу среќа понатаму“, изјави Марија Шарапова на својата официјална интернет страница.
 
 
Русинката најави дека за брзо време ќе го објави името на својот нов тренер.    

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.