
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Шампионот го посрамоти Арсенал
- '
- Објавено: август 27, 2011 22:00
Пресметките меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал некогаш важеа за големи дерби дуели, но тоа очигледно повеќе не е случај. Големиот раст во играта на актуелниот првак, но и неверојатниот пад на Арсенал, се главните причини поради кои што денеска „црвените ѓаволи“ го посрамотија својот противник, декласирајќи го со неверојатни 8-2. Вејн Руни постигна хет-трик, вклучувајќи тука два еврогола од слободни удари. На висина на задачата беше и Ешли Јанг, кој со нови два погодоци покажа дека ќе биде вистинско освежување за тимот по трансферот од Астон вила. Останатите три гола за МанЈу беа дело на Велбек, Нани и Парк, кои се погрижија Арсенал да го претрпи својот најубедлив пораз во последните 115 години. По три одиграни кола, Арсенал има освоено само еден бод, но Арсен Венгер уште еднаш потенцираше дека воопшто не размислува за заминување од кормилото на англискиот гигант.
„Кога ќе примите осум гола, нормално е да се чувствувате понижени. Одигравме ужасно, бевме премногу наивни во одбраната, а Манчестер е тим што знае како да го казни тоа. Само затоа што не ја стартувавме сезоната според очекувањата, не значи дека јас ќе си заминам. Планирам да го продолжам овој проект“ – изјави Венгер.
На спротивната страна, во таборот на „црвените ѓаволи“ владееше огромно задоволство по неверојатниот триумф.
„Можеби некој ќе каже дека Арсенал бил ослабен, но јас тврдам дека славевме убедливо бидејќи ние одигравме фантастичен меч. Искрено кажано, изненаден сум од убедливата победа, но сите играчи одиграа неверојатно и наполно ја заслуживме оваа радост“ – изјави Алекс Фергусон.
Манчестер јунајтед се наоѓа на делба на првото место на табелата заедно со градскиот ривал Манчестер сити, кој што денеска како гостин го декласираше Тотенхем со 1-5. Един Џеко го одигра својот меч на кариерата постигнувајќи дури четири погодоци, а еден гол беше дело на Серхио Агуеро.