Сериозен инцидент на релито Дакар: Тешко повреден поранешниот првак - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Сериозен инцидент на релито Дакар: Тешко повреден поранешниот првак

Сериозен инцидент на релито Дакар: Тешко повреден поранешниот првак

Денешниот специјал од релито Дакар донесе и огромен инцидент во кој настрада поранешниот шампион на оваа трка, Нани Рома.

Тој стигна на речиси 500 метри до целта кога ја загуби контролата над возилото, неколку пати се сврте во песокот, притоа здобивајќи се со сериозни повреди. Како што јавуваат организаторите, тој имал повреди на главата и на мозокот, поради што со авион бил пренесен во Лима, каде ќе биде прегледан во специјализирана клиника во перуанскиот главен град.

Нани Рома е првиот Шпанец што успеал да триумфира на релито Дакар (2004 година на мотори, 2014 со автомобили). Тој до моментот на несреќата се наоѓаше на четвртото место во генералниот пласман.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.